Ахмети: Иванов итно да ја повлече одлуката

by Фокус 14:30
14:30

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека тие не се соогласуваат со избрзаната одлука на таканаречениот претседател Иванов и бара итно повлекување на одлуката по средбата со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на мисијата на ОДИХР во Македонија со кого разговарале околу подготовките за вонредните избори и за политичката криза во Македонија.

– Оваа оспорена и неправедна одлука го нарушува Договорот од Скопје и досегашните постигнувања и треба да се повлече без никакво одлагање. Сериозната политичка криза во земјата се решава само преку одржување вонредни избори и преку спроведување на Договорот од Скопје бидејќи граѓаните не можат да ја издржат оваа општествена агонија од што трпат економијата, социјалната помош но и безбедноста и стабилноста на земјата – истакна Ахмети.

- Advertising -

 

Поврзани новости