Ахмети: Иванов е дел од проблемот, нема да одиме на лидерска средба

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека нема да одат на лидерската средба што ја закажа претседателот Иванов, бидејќи како што додаде, Иванов е дел од проблемот, а не од решението и изрази осуда на состојбите во државата.

Ахмети повика на смиреност, бидејќи како што рече, станува збор за политички проблем што треба да го решат политичарите, а не граѓаните.

Тој изјавата ја даде во седиштетото на ДУИ во тетовска Мала Речица пред да почне состанокот на Централното претседателство на партијата,

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи додаде дека околу евентуалното одење на лидерската средба можеби ќе се разговара и на состанокот на претседателството, а ги повика сите институции да реагираат превентивно, а не откако ќе се случат настаните како синоќа со упадот на граѓаните во Собранието што претставува срам  и за институциите, но и за граѓаните на државата.

На новинарско прашање дали очекуваат следната седница на Собранието  да ја води Талат Џафери, таа рече Собранието има нов претседател тој се вика Талат Џафери кој е избран со мнозинство гласови во регуларна седница.

Поврзани новости