Ахмети и Груевски му честитаа на Трамп

by fokus 21:45
21:45

Првата честитка од Македонија до новиот американски претседател Доналд Трамп му ја испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Посакувајќи добро здравје и успех во неговата нова задача, остануваме уверени дека Соединетите Aмерикански Држави ќе продолжат да бидат стратешки партнер на Македонија, Албанците и Балканот, и поддржувач на нашиот незапирлив евроатлантски пат – наведе Ахмети во честитката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски му честиташе на Трамп на неговиот профил на „Твитер“.

– Честитки претседателе Трамп. Нова енергија за стратешкото партнерство и пријателство помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави – напиша Груевски на „Твитер“.

Поврзани новости