Ахмети: Храбро ќе влеземе во спорот за името како последна пречка пред ЕУ и НАТО

by Фокус
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по безусловната препорака за почеток на разговорите со Европската Унија, истакна дека реформското парламентарно мнозинство успеа да ги исполни итните очекувања на официјален Брисел, на меѓународните пријатели и на граѓаните.
Воедно, Ахмети изрази задоволство од реализацијата и напредокот на системските реформи во земјата, но, нагласи тој, има уште работа за добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.
„Храброста за решавање на отворените прашања се наградува, затоа храбро ќе продолжиме во периодот пред нас и кон решавање на спорот со името како наша последна пречка кон ЕУ и НАТО“, истакна тој.

Поврзани новости