Ахмети го уверувал Волерс дека државниот испит е вистинска реформа

by Фокус
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретнал со американскиот амбасадор Пол Волерс со кого разговарале за политичките случувања во земјата и регионот, спорот за името и евроатланската интеграција, вон парламентарното делување на опозицијата и за следната соработка на ДУИ со американските власти во пресрет на заминувањето на актуелниот амбасадор и доаѓањето на новиот амбасадор Џес Бејли.
Соочени со протести на судентите и несогласувањата на професорите за законските измени во високото образование, Ахмети го бранел проектот на Владата за државен испит. Од ДУИ информаираат дека Ахмети му соопштил на Волерс дека реформите во образованието се прогресивни и повеќе од потребни со цел да се зголеми квалитетот, особено при подготовката на идните наставници.

Соговорниците се согласиле дека главен предизвик на Македонија е решавањето на спорот за името и интегрирањето на државата во НАТО.

„ Ова прашање зазема важно место во американската политика бидејќи САД се најголемиот поддржувач на интеграцијата на Македонија во Евроатлантските структури. Ахмети го увери амбасадорот Волерс дека ДУИ ќе ја продолжи соработката со официјален Вашингтон кон остварувањето на нашата заедничка цел, но исто така ги покани САД да ги интензивираат напорите оваа пролет бидејќи тие се вистинскиот пријател на земјата и регионот и дека без интервенција на Вашингтон, тешко се решава овој проблем“, се вели во партиското соопштение на ДУИ.

Ахмети рекол дека опозицијата треба да се врати во Парламентот и „да придонесе во овие тешки времиња за иднината на земјата“.

Поврзани новости