Ахмети го свика Централното претседателство на ДУИ

by fokus

Али Ахмети го свика ЦП на ДУИ за попладнево во 17:30 , потврдуваат за ТВ 24 од ДУИ. На состанокот потпретседателската тројка ќе  го презентира пакетот и ќе реферира за текот на преговорите со СДСМ.

Дел од отворените прашања во законот за албанскиот јазик се уште се отворени, а преговарачките тимови со експерти работат на тие делови во пресрет на ЦП.
Од ДУИ велат дека не се исклучува доколку не се затворат до ЦП, паралелно да течат преговорите со СДСМ за законот и да се одвива состанокот во ДУИ.

Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на  Зоран Заев и Али Ахмети во седиштето на ДУИ, каде беа усогалсени најголем дел од разликите, но сепак остана дел отворени прашања.

Поврзани новости