Ахмети ги побара гласовите и на Македонците

by Фокус 16:00
16:00

Покрај традиционалната поддршка од Албанците, лидерот на ДУИ Али Ахмети побара буквално сите граѓани да гласаат за програмата на ДУИ на следните предвремени парламентарни избори, вклучувајќи ги и Македонците.

– Сите живееме во иста држава, делиме иста судбина, добро и лошо. И затоа, ако некому му се допаѓа нашата програма, ние го бараме неговиот глас. Потребно е да се интегрираме, тоа е единствениот услов Македонија да чекори напред во евроатланските процеци – порача Ахмети на партискиот митинг во Битола.

- Advertisements -

Досега, „интегративците“ главно се обраќаа кон Албанците, како етничка партија што во најголема мера ги застапува и ги брани интересите на оваа етничка заедница, меѓутоа бараа и добиваа поддршка и од други етнички заедници, како Турците, Бошњаците, Ромите, Македонците-муслимани…

Поврзани новости