Ахмети: Ги испитуваме предностите и последиците од секоја наша опција

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска имаше средба со амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара, со која разговарале за политичката ситуација и за очекувањата од новата влада. Претседателот на партијата истакнал дека за ДУИ се уште сите опции се отворени и не им се брза да донесат одлука за коалиција, се дури не се сигурни дека е правилната опција.

-Ахмети ги презентираше петте можни опции на ДУИ за излез од политичката криза нагласувајќи го нашиот внимателен пристап во решавањето на овој ќор-сокак поради големата чувствителност на ситуацијата во земјата, но и во регионот. ДУИ ја има предвид важноста на нашата одлука и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последиците што може да ги донесе нашата определба- стои во соопштението на ДУИ за средбата.

Лидерот на ДУИ уште еднаш го осудил неуспешниот обид за државен удар во Турција од јули, минатата година и нагласил дека „преземањето на власта со сила е неприфатливо“.

Поврзани новости