Ахмети ги бара албанските гласови за да му парира на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус 13:20
13:20

Додека ги повикува да ги бојкотираат претседателските избори, Али Ахмети ги повика Албанците масовно да гласаат за ДУИ на предвремените парламентарни избори, со цел, како што објаснува тој, да обезбеди поголемо влијание и во следната влада.

– Ние знаеме дека има и други политички партии во трка, но малкумина можат да не стигнат. Ние триумфиравме во филозофијата, во концептите и опциите, бидејќи е филозофија а не интриги и ѓаволштини. Треба да се поддржи ДУИ бидејќи е партија која покажа храброст токму кога требаше – изјави Ахмети на партискиот митинг во тетовско Желино, додавајќи дека Македонија не може да биде „црна дупка на Балканот“, туку мора да обезбеди членство во НАТО и ЕУ.

Од друга страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ бара апсолутно мнозинство од најмалку 62 пратеници во парламентот, за да пружи отпор на уцените на „интегративците“.

- Advertising -

Поврзани новости