Ахмети: Еднаш му дадовме поддршка на Села, сега ќе ги мериме силите во Струга

by Fokus

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од струшкото Ладоришта му порача на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села дека на локалните избори ќе ги мерат силите за Струга.

– Во 2013, вие сте сведоци, дека бев тука и повеќе од самиот Зијадин Села бев загрижен да не ја изгубиме Струга и се заложив за тоа со сите мои тимови. Јас никому не работа позади. На Зијадин му кажав дека ќе ги мериме силите за Струга и тоа му го кажав пред изборите – рече Ахмети нагласувајќи дека ДУИ нема намера да се повлече со кандидатурата за Струга со Рамиз Мерко.

Поврзани новости