Ахмети е против коалицијата на Села и Касами, зашто не коалицирале пред првиот круг

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешна средба со новинарите  најави дека ќе има одредени поместувања во пратеничките состави во парламентот по локалните избори, без да прецизира дали тоа значи дека нивната пратеничка група ќе се зголеми. Воедно, тој го критикуваше коалицирањето на останатите албански партии пред вториот круг локални избори, прашувајќи зошто тоа не го направиле пред првиот круг?

– Многу сум разочаран поради погрешната страна што ја превезема Зијадин Села и би сакал тој да има поконструктивен пристап во правец на процесите. Села не е подготвен за големи процеси – изјави Ахмети, додавајќи дека особено е вознемирен од вчерашната изјава на Села дека Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ се организатори на неговото физичко елиминирање за потоа политички да го елиминираат.

 

Поврзани новости