Ахмети: ДУИ ќе продолжи да биде чувар на албанското прашање

by fokus

Демократската унија за интеграција ќе продолжи да биде чувар на албанското прашање во Македонија, порача од Преспа, лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој побара Албанците да гласаат за неговата партија, посочувајќи дека со поддршка за другите партии, според него, само се ослабнува позицијата на Албанците и им се помага на македонските партии да остварат поголема победа.

-Мене не ме загрижува тоа што некои македонски партии го бараат гласот на Албанците, туку ме загрижува создавањето на многуте политички партии кај нас, партии кои немаат јасна политичка агенда, рече Ахмети.

Малите албански партии, како што рече, создадени од разни сомнителни кругови, нема да успеат да добијат толку гласови како што претендираат, туку само ќе го намалат бројот на пратеници.

Ахмети истакна дека е потребно е да се договориме со соседните држави, да работиме на решавање на спорот со името, да се почитува Рамковниот договор, а и да го трасираме патот кон евроинтеграцијата, бидејќи, рече Ахмети, ние сме дел од Eвропа, а тоа е патот кој ја обезбедува и ја зајакнува нашата слобода, нашата нова економија.

-Основните столбови или основните заклетви со кои Демократската унија за интеграција влегува во изборите се економската еднаквост и економскиот прогрес со точен акционен план предвиден во самата платформа. Втората точка или столб е двојазична Македонија, односно еднаква употреба на службениот албански јазик со македонскиот. Третиот столб е консензуално решавање, правната држава, рекоа од ДУИ.

Поврзани новости