Ахмети до Заев: На 15 јули ќе ви исчезне насмевката од лице

by Фокус

Ниту Заев ниту другите нема да го имаат задоволството да ја видат ДУИ во опозиција, ќе ви исчезне насмевката на усните на 15 јули, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на ТВ 21. Според него, другите не сакаат да ја пратат ДУИ во опозиција, но сакаат да ги пратат Албанците во опозиција.

-Не е прашањето ДУИ да се испрати во опозиција, бараат Албанците да ги пратат во опозиција, се уште мислат дека Албанците се дрвосечаци, се уште ги гледаат Албанците како собирачи на отпад, а не на врвот на власта со која раководат успешно 18 години – истакна Али Ахмети.

Поврзани новости