511
Лидерот на ДУИ Али Ахмети му порача на новиот претседател на младината на ДУИ Авни Рустеми, кој беше избран на денешното изборно собрание во Тетово, да ја направат партијата уште посилна.
-Да имате успех во работата, да не се штедите, да се жртвувате, ако треба да се карате, но да имате заеднички одлуки и да ја направите ДУИ уште посилна. Ние како партија најмногу направивме за Албанците. Немавме можност да зборуваме на мајчин јазик, а сега учиме на Универзитети. Сме биле кираџии во сопствениот дом, а сега сме господари во домот – истакна Ахмети.
Тој додаде дека во земјава нема место за повеќе од две партии на Албанците, при што истакна дека само со ДУИ може да се оди напред.