Ахмети: Диктатурата е само привремена!

by Фокус 10:52
10:52

Да не се повтори минатото, сведоци сме какви трагедии се случуваа и продолжија до ден денешен. Нашиот концепт е зближување, напредок и помирување. Демократијата и слободата се вечни, а диктатурата и заплашувањата се привремени. Вакви пораки упати лидерот на ДУИ Али Ахмети од предизборниот митинг на ДУИ во Куманово.

– Бев загрижен во Ресен и Битола каде ги заплашуваа Албанците, и тоа е срамно. Им кажав дека диктатурата, заплашувањето и фашизмот се само времени, така нема иднина. Кога умре Милошевиќ, умре и диктатурата. Гледате дека и Србија сега се приближува кон Европа, таму треба да одиме сите! – говореше Ахмети пред кумановци.

- Advertising -

И на митингот во тетовско Тераце тој истакна дека не посакува повторување на минатото со конфликти и страдања, па неговата партија инвестира во добри меѓуетнички односи и влез во ЕУ и НАТО, што значи бришење на границите.

Поврзани новости