Ахмети: Датум за избори откако ќе се исполнат сите услови

by fokus

 Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели го повторил ставот на партијата дека датумот за изборите треба да се одреди откако ќе се спроведат реформите за фер политички натпревар.

 Ахмети потврдил дека останува партиите да решат уште едно отворено прашање, па да продолжат со спроведување на реформите, за потоа да се одреди и датумот на избори.

Според извори од преговарачкиот процес, последното прашање на кое заглавија партиите се интеграциите на министерот за внатрешни работи во преодната влада.

Поврзани новости