Ахмети: Да се обединат гласовите на Албанците за ДУИ

by fokus

ДУИ има платформа со конкретни проекти кои ќе станат реалност и поради оваа причина потребна е голема поддршка за ДУИ, изјави на денешната средба со пензионерите и аџиите Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција во општина Чаир во Скопје.

-Досега се направени дела кои остануваат богатство и благо за сите Албанци, како универзитети, болници, инфраструктура, училишта, споменици… Така и ќе продолжиме. Ги повикуваме сите оние што имаат дилема, нека се приклучат на ДУИ затоа што ДУИ е сигурен победник. Ние не сакаме Албанците да губат мандати со расцепкувањето на гласот по малите партии. Јас, неколку пати сум нагласил со најголемата искреност дека треба да се обединат против ДУИ, само и само да не губат Албанците, затоа што тоа е болно. Заедно можеме да бидеме посилни и помоќни, рече Ахмети.

Претставници на ДУИ денеска беа на средби со граѓани на попвеќе населени места во Гостивар.

Поврзани новости