Ахмети: Бомбата е во рацете на Иванов, не знам каде ќе ја фрли

by fokus

-Клучот за нова влада е кај Иванов, а не во неговата партија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со претседателот.

Тој рече дека со Иванов разговарале како да се постигне стабилно парламентарно мнозинство, а за ДУИ се уште сите опции се отворени.

-Каде претседателот ќе го однесе клучот е негова одлука. Јас ја имав бомбата, да се изразам симболично и ја фрлив кај претседателот. Сега не знам каде тој ќе ја фрли-рече Ахмети.

На прашањето дали ќе се обиде да преговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање ново парламентарно мнозинство, Ахмети рече дека ДУИ се уште се консултира и ги разгледувала сите опции.

-Од утре и во следните денови ние ќе продолжиме со консултациите во партијата и ќе продолжиме со анализирање и разгледување на сите опции. Но, би сакал да кажам дека имаме силна волја за изнаоѓање решение за да ги вратиме работите на своето место во интерес на стабилноста и засилувањето на државата – порача Ахмети.

Поврзани новости