Ахмети бара една од трите врвни функции

by Фокус 13:16
13:16

Бојкотот на Албанците на претседателските избори значат поддршка за идејата една од трите раководни функции да му припадне на Албанец, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот во Арачиново, откако пропадна нивниот обид за договарање на консензуален кандидат за претседател со ВМРО-ДПМНЕ.

– Нашата платформа е натпартиска и ние велиме дека на Албанците им припаѓа да раководат со една од трите најважни институции на државата. Оваа идеја треба да ја оживуваме и да ја материјализираме, ако не денес тоа ќе се случи утре. Нашата идеја е многу благородна и хумана – рече Ахмети.

- Advertising -

Без да прецизира на која конкретно мисли, тој ги повика македонските партии да не вршат притисок врз Албанците во средините каде што се малцинство, бидејќи, според него, треба да има фер и слободни избори.

– Моите информации не се добри и апелирам до македонските партии да бидат повнимателни. Со заплашување нема да  се оди напред, бидејќи се создават непријателства. Милошевиќ се обиде да ги заплаши Албанците, но вие  знаете каде заврши тој – предупреди Ахмети.

Поврзани новости