Ахмети: Албанците сами ги избираат нивните водачи

by Фокус 14:51
14:51

Само гласовите на Албанците можат да одлучат кој ќе го претставува и води народот, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, откако првиот човек на ДПА Мендух Тачи започна да се промовира како партијата која ќе биде дел од владата по претстојните избори.

– Не сакаме гласови само од гласачкото тело на ДУИ, туку од сите Албанци, бидејќи ДУИ со своето дејствување ја зголемува гордоста на идните генераци за следните100 години. Со вас ДУИ ќе извојува голема победа, бидејќи зближува и помирува, а не разделува – истакна Ахмети во Кичево.

- Advertising -

Поврзани новости