Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот

by fokus

Сите оние кои сакаат интегрирана Македонија во НАТО и Европската унија ќе го поддржат референдумот на 30 септември, вклучувајќи ја и опозицијата, бидејќи евроатланската интеграција на земјата е исто така нивна програмска определба, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на средбата со амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп.

Во соопштението од ДУИ се наведува дека Ахмети и Пломп разговарале за евроатланската интеграција, референдумот на 30 септември, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и регионалните случувања.

Ахмети го информирал холандскиот амбасадор за подготовките на ДУИ за успешно заокружување на евроатлантскиот пат преку спроведувањето на референдумот и уставните измени.

Во врска со реформите, владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како што се посочува во соопштението ДУИ воспостави уникатна практика во земјава, повикувајќи ги и поддржувајќи ги органите да ги истражат сите наводи за корупција и истовремено ги охрабрува другите партии да го сторат истото.

– На крајот, г-динот Ахмети заклучи дека единствен начин за регионот е помирување и целосна евроатланска интеграција со европските стандарди, се наведува во соопштението од ДУИ

Поврзани новости