Ахмети: Ако имаше криминал за ДУИ, кој ќе не поштедеше?

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното изборно собрание на партискиот огранок во Чаир, им порача на сопартијците да не се грижат поради објавуваните материјали од страна на Ел Чека, а на политичките противници им порача да се натпреваруваат со партиските органи.

-Постоеше загриженост кај некои мои соработници поради неколку прислушувани материјали. Оставете ги, тие се залудни. Ако имаше криминал за ДУИ, кој ќе не поштедеше – рече Ахмети.

Поврзани новости