Агим Ибраими: Во Македонија има таленти, се игра добар фудбал, но конечниот производ е слаб за око

by fokus

По неколкугодишна интернационална кариера, Агим Ибраими повторно се врати во Шкендија и со клубот се на добар пат да ја освојат шампионската титула.

Во интервју за МАКФУДБАЛ, тој говореше за предизвиците, визијата на клубот, но и националниот тим.

„Се вратив во Шкендија затоа што клубот ми ја претстави својата визија. Ни се совпаднаа желбите со раководството, сакаме да направиме нешто големо со клубот. За мене тоа е едно големо достигнување во европски рамки, како што претходно го доживеав со Марибор во кариерата. Би бил најсреќен доколку тоа можеме да го остварам и со клубот каде што ги почнав првите фудбалски чекори, пред да заминам во Салцбург како малолетно момче“, вели Агим Ибраими.

Што се однесува до фудбалот во Македонија, тој вели дека мора да се подобри инфраструктурата.

„Искрено, има овде во Македонија многу таленти, и се игра добар фудбал. Но, конечниот производ делува слабо за око, затоа што ни недостасува инфраструктура. Инаку, имаме одлични тимови, можам да кажам дека фудбалски ништо не заостануваме зад Словенија. Но, таму се е некако многу подобро подредено, се посветува повеќе внимание, се вложува повеќе, се размислува за иднината, за неколку години напред. Кај нас е тоа, за жал, се уште некако стихијно. Тоа мораме да го промениме ако сакаме да одиме побрзо напред. Инаку, фудбалот што се игра долу на теренот има квалитет. Подобро е прашањето можеби каков е теренот. Знаете, кога ќе ја примиш топката на ’тепих’ и на некој лош терен, не е исто. Го нема истиот филинг и за фудбалерите и за гледачите“, објаснува Ибраими.

Фото – ФК Шкендија

Поврзани новости