Агенцијата за медиуми со осуда за нападот врз новинарот на Телма

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го осуди вчерашното насилство врз новинарот на ТВ Телма и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

– Агенцијата апелира да не се попречуваат новинарите и претставниците на медиумите во извршувањето на нивната професионална задача, која е од исклучителна важност во овие општествено-политички мигови, се вели во соопштението на АВМУ.

Новинарот на Телма, Павле Беловски, вчера додека се подготвуваше да се вклучи во последните вести, беше нападнат од едно лице со тупаници и клоци, при што полицијата која ја обезбедуваше зградата на МВР веднаш интервенираше и го приведе.

Поврзани новости