539
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ја бара довербата на жителите на Скопје за уште еден градоначалнички мандат, при што го бара гласот и на албанските гласачи.
За тоа најдобро сведочат билбордите низ градот на кои Трајановски е придружен од кандидатот за советник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Мухамед Амети, кој воедно е кандидат за заменик-градоначалник.
Притоа, на билбордите може да се прочита слоганот „Започнува нова ера во Скопје“, кој е напишан на албански јазик.