На кафе со Пауло Коелјо во време на пандемијата

by Фокус

Што можеме да научиме во време на Ковид 19 од универзалните пораки на најпродаваниот светски автор, бразилскиот писател и филозоф преведен на 70  светски јазици и продаван во 140 земји во светот  

Пишува: Хасан ЈАШАРИ

Нема ништо поубаво од читањето книга од Коелјо. Секоја од нив претставува уметност сама по себе. Бразилскиот писател и филозоф е преведен на 70 светски јазици, а неговите книги се продаваат во 140 држави. Неговото дело „Алхемичар“ претставува бестселер од кој се продадени повеќе од 110 милиони примероци, што го прави една од најпродаваните книги во историјата. Но, тоа не е важно. Она што е уште поважно е неговата инспирација  за човечката љубов, тој пишува за животот и пие кафе со странци и непознати, неговите дела се бесплатни за читање на интернет. Значи, тој е голем оптимист, човек кој сјае од љубов кон цивилизацијата  и  ужива во животот во сегашноста.

Неговите дела се инспиративни, тие ве поттикнуваат да уживате во животот во вистинската смисла на зборот: „Хипи“, „Алеф“, „Вероника реши да умре“, „Брида“, „Захир“, „Победникот и сам“, „Единаесет минути“, „Пета Гора“, „Ракопис од Адра“, „Бидете како река“ и други, претставуваат филозофија на битието.

Секојдневните размислувања, патувања и средби – искуствената евиденција го натераа авторот на овие огромни списи да открие фасцинантна филозофија на човековата егзистенција, смислата на постоењето. Овој заводлив раскажувач ги инспирира луѓето ширум светот да го видат извонредното на појавите и тајните на животот. Неговото набљудување е толку силно што нè поттикнува на соништа и патување.

Алхемичар и филозоф

Но, прашањето од интерес за мигот во кој се наоѓаме ние е ремек-делото на Пауло Коелјо, „Алхемичарот“.

Подолу ги имаме 5 негови изјави: https://www.kultplus.com/libri.

  1. Стравот е најголемата пречка.

– „Кажете му на вашето срце дека стравот од страдање е полош од самото страдање. Ниту едно срце не страда кога остварува соништа.“

Значи, тука е неговиот оптимизам, кој ги поттикнува луѓето да ги следат своите соништа, да одат во животот самостојно, упорно без страв од страдање. Тој во својот живот, покрај тоа што неговите родители го испратиле во психијатриски установи трипати, успеа да ги оствари своите замисли. Тој вели дека она што почнува како потрага по богатството ширум светот се претвора во потрага по богатството што лежи во нас. Впрочем, тоа е таа неверојатна, живописна и длабока приказна, што е вечен доказ за моќта на нашите соништа и колку можат да нè преобразат и да нè инспирираат секогаш да веруваме во нашите срца.

  1. Вистината секогаш ќе триумфира.

– „Вистината не е скриена во магла, таа дефинитивно ќе излезе еден ден. Ако се сомневате во вистинската одлука, таа е тоа што го докажува времето.

Неговата втора мисла е за вистината, што сигурно ќе излезе на виделина еден ден. Времето е показател за вистината и секогаш таа ќе победи.

Како  може да ни помогне Коелјо во време на Ковид 19? Тоа може да се види подолу.

  1. Против монотонијата.

– „Деновите се исти кога луѓето не успеваат да ги издвојат добрите работи што им се случуваат секој ден кога изгрева сонцето“.

Но, секој ден е нов ден. Ако не го забележиме ова кога сонцето изгрева наутро, секако деновите ќе изгледаат секогаш исти, сосема исти и тогаш имаме здодевност, депресија или пролетна монотонија затоа што ние не ги разликуваме добрите работи, што ни се случуваат, на пример, кога пиеме кафе со некој туѓинец, како Коелјо.

  1. Прегрнете ја сегашноста.

– „Ние не живееме во минатото или во иднината. „Само ме интересира сегашноста, тоа е единствениот начин на кој можам да бидам среќен“.

Коелјо е поборник на сегашноста, така што неговата порака до човештвото е да живее во социјалните и природните услови што се во моментот. Значи човекот мора да живее и да бара среќа во сегашноста и да не се справува со минатите таги, несреќи и неуспеси.

Дали треба секогаш да го гледаме светот таков каков што е?

Светот не го гледаат сите луѓе подеднакво, Коелјо дури оди и понатаму.

  1. Биди нереален.

– „Го гледам светот како што сакам да биде, не како што е навистина. „Некои од најголемите пронајдоци се направени затоа што некои одбија да го видат светот како што е.

Коелјо сака луѓето секогаш да истражуваат нови тајни на животот и природата. Неговата душа, како претходник на секојдневието, инспирира трагачка душа. Тој го гледа светот како што го сака.

Не се предавај.

  • Тајната на животот е да се падне седум пати и да се крене осум пати“.

Оваа изрека е за времето во кое живееме. Ако малку се вратиме назад, за неколку  стотици години, ќе забележиме дека нашата цивилизација има можности да цвета среќно и дека ужасно се сплетка во војни. Но, во овие моменти нашата цивилизација има капацитет по осми пат, како што вика Коелјо, да се заштити силно, да застане на цврсти нозе и да ги следи, одејќи напред, своите соништа.

(Авторот е професор на Универзитетот на Југоисточна Европа)

Поврзани новости