Аеродромите од 1 јули целосно отворени за сообраќај

by fokus 13:06
13:06

Од среда, 1 јули целосно ќе бидат отворени за сообраќај двата аеродрома во земјава, а во моментов се работат протоколите за работа на аеродромите, потврди денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Одлуката на Владата е донесена и аеродромите ќе бидат отворени на 1 јули, тоа е среда. Согласно протоколите коишто ги работат ТАВ и Комисијата за заразни болести ќе се види точно како треба сите да се однесуваат коишто сакаат да патуваат до Македонија и се разбира надвор од Македонија, изјави Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

- Advertising -

Тој најави дека планира деновиве заедно со министерот за здравство да посетат аеродром, каде, како што кажа, целосно ќе биде објаснето од страна на ТАВ и од Комисијата за заразни болести како ќе се работи и затоа ќе биде запознаена јавноста.

Аеродромите во земјава беа затворени на 16 на март годинава, веднаш по појавувањето на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19. Оттогаш работеа само за државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови.

Вчера ТАВ ги објави протоколите по кои ќе работат аеродромите во услови на КОВИД-19.

Поврзани новости