Аеродром алармира дека е расфрлан отров низ општината

by fokus

Општина Аеродром алармира дека на јавните површини има расфрлано отров, кој претставува закана за животот на животните но и на луѓето. Од таму им порачуваат на граѓаните да внимаваат кога ги шетаат нивните миленици, но и да пријават во полиција доколку забележат отров.

„Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон.

Општина Аеродром ја информира полицијата и апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром“ на телефонскиот број 02/2432-362. Исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.“, велат од општината Аеродом.

Поврзани новости