Адвокатското друштво на кумашинот на Рашковски е формирано пред неполни два месеца

by fokus

Дејан Костиќ, кумашинот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е дел од адвокатското друштво КВЦ (Костиќ, Велковски и Цветаноска) кое е ангажирано за адвокатски услуги на неколку владини институции. НОВА ТВ открива дека ова адвокатско друштво е формирано пред неполни два месеца, на 27. јули годинава, а по само неколку дена добива повеќе ангажмани од владини институции.

НОВА ТВ истражувајќи ја работата на повеќе акционерски друштва чиј основач и сопственик е Владата, а во кои со доаѓањето на новата власт се сменија членовите на Надзорните и Управните одбори, дојде до информација дека освен претставници од Владата, на седниците во овие фирми присуствувале и адвокатите од адвокатското друштво КВЦ.

НОВА ТВ се обрати до повеќе вакви државни институции за појаснување дали е пракса при промена на управувачките органи на седниците да присуствуваат надворешни правни консултанти, добивме одговор дека ова е прв ваков случај и во минатото немало таков пример.

Целата сторија прочијате ја на овој линк.

Поврзани новости