Адвокатот на Села: Лицемерие е изјавата на Груевски дека жали за тепањето на Зијадин

by fokus

Две лица се осомничени и се во притвор, а предметот се уште е во истражна постапка, рече адвокатот на Зијадин Села, Абидин Абдули во вечерашното гостување на Телевизија 24. Тој рече дека вчерашната изјава на Никола Груевски дека жали за она што му се случи на Села е чисто лицемерие.

Според Абдули чудно е како Груевски видел дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го бранат Села, а не видел како други пратеници на неговата партија ја отворија вратата од Собранието.

-Јавниот обвинител се соочува со опструкции од другите институции. Недозволиво е се уште да не можат да се идентификуваат лицата кога има снимки. Кога ќе биде поднесено обвиненитето очекуваме уште 5-6 лица да бидат обвинети, рече Абдули

Тој рече дека очекува кон крајот на идниот месец да има обвинение за овој случај.

Поврзани новости