Адвокатот на Атанасовски: ОЈО греши што им верува на луѓе соочени со доживотен затвор

by Fokus

Адвокатот на Владимир Атанасовски кој беше приведен вечерва и однесен на распит, а ОЈО за него побара притвор, во изјава за 1ТВ рече дека одбраната ја потенцирала праксата на Европскиот суд за човекови права.

-Знаеме дека сите предмети до сега пратени во ЕСЧП од Македонија се изгубени, дека обвинителството треба да понуди конкретни докази и факти врз основа на кои околности ја докажуваат намерата за бегство или да се повтори делото. Се разбира, делото кое му се става на товар е дека како директор на УБК организирал група која го сторила кривичното дело. Сепак, господинот Влатко Атанасовски веќе година и пол не е директор на ДБК и доколку презел некои дејствија во овие година и пол, тој би ги презел, би се вдал во бегство и би влијаел на сведоци. Се разбира, тој тоа не го направил, така што беспредметно е барањето за притвор, рече адвокатот Јордан Апостолски.

Поврзани новости