Адвокатот Миланов го предупреди Зекири да ја зборува вистината за “Крвавиот четврток”

by fokus

Додека пратеникот Мухамед Зекири сведочеше за она што го видел на 27 април во Собранието, адвокатот Еленко Миланов пред да го постави прашањето го предупреди Зекири дека дал заклетва дека тоа што ќе го зборува треба да е вистина инаку подлежи на кривична одговорност.

На ваквото предупредување реагираше судијката Добрила Кацарска, која го искара адвокатот дека не е негова работа да го предупредува сведокот, бидејќи тоа е обврска на судот и истото го сторила пред да започне со сведочење.

Со реакција се јави и обвинителката Вилма Рускоска која бараше од судијката да реагира.

– Ова е директна закана за сведокот, не треба да дозволите вакво однесување, рече Рускоска.

Кацарска ја смири топката и истакна дека не станува збор за закана, но и рече дека авокатот нема право да го предупредува сведокот.

Поврзани новости