Адвокатот Двојаков за „Коха“: Убиството на Анѓел било извршено во самоодбрана?

by Фокус

По убиството на матурантот Анѓел Петковски, и официјалната верзија на МВР за тоа како се случил немилиот настан, во јавноста се појави и верзијата на осомничениот за убиство Насер Е., која за весникот  „Коха“ ја раскажа неговиот адвокат Рубин Двојаков.

„Според изјавата на Насер, тој со нож бил нападнат од Анѓел Петковски додека се тепале и тој добил неколку расеченици по рацете, па во еден момент за време на тепачката, ножот паднал, Насер го зел ножот и го извршил убиството. Потоа Насер се скрил во некоја од блиските куќи, каде што ја дочекал и полицијата, рекол Двојаков за „Коха“.

Двојаков додал и дека за раните што ги добил Насер има и медицинска белешка, а неговиот клиент потенцирал и дека ножот не го носел со себе, туку наводно му припаѓал на сега убиениот матурант.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со адвокатот Двојаков, но неговиот мобилен телефон беше недостапен.

Од МВР, пак, велат дека надлежните ги утврдуваат фактите, а адвокатот на осомничениот може што било да изјави.

Поврзани новости