Адвокатот Даути си замина од сред судење, судијата го казни со 4.000 евра

by fokus

На денешното рочиште за случајот “ТНТ”, односно за рушењето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, еден од адвокатите самоволно, на сред судење, го напушти рочиштето по што беше казнет.

Од Кривичниот суд за Фокус” потврдуваат дека судијата со 4.000 евра го казнил адвокатот Мерџан Даути.

Претходно адвокатот се обиде да го одложи судењето, бидејќи му дошол клиент од Виена, но судијата не дозволи, по што сведочеше Сефер Цаноски. Но, набрзо по неговото сведочење, адвокатот станал и си заминал.

Неофицијално, одбраната прави обиди за одложување на судењето во исчекување на одлуката на Судот во Сразбур, каде што обвинетите очекуваат да им се уважи дадената амнестија од екс претседателот Ѓорге Иванов.

Судењето за „ТНТ“ почна на 24 јануари 2018 година. Во случајот обвинети се екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Јакимовски и уште четворица вработени во општината.

Во 2011 година, на Цаноски му беше срушен комплексот „Космос“, откако ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и отиде во опозиција.

В.В.

Поврзани новости