Адвокатот Апостолски: Адвокатските трошоци за Тарчуловски ми ги плати ОН, а не Владата

by fokus

Антонио Апостолски, адвокатот на Јохан Тарчуловски за ПлусИнфо вели дека Обединетите нации кои се основачи на Меѓународниот суд на правдата во Хаг му ги плаќале трошоците за одбраната на Јохан Тарчуловски, а не македонската влада.

Тој тврди дека согласно правилник на трибуналот за надоместоци на бранителите на хашките осуденици, судот одлучил на Јохан Тарчуловски да му ја плати одбраната, а не и на Љубе Бошкоски кој исто така беше обвинет за „командна одговорност“, а во 2008 година беше ослободен.

– Од 2005 година, до средината на жалбената постапка, односно до 2008 година, моите трошоци како  бранител на Јохан Тарчуловски ми ги плаќаа Обединетите нации.Таква одлука донесе судот во Хаг, според правилник во кој врз основа на материјалната положба на осуденикот се утврдува дали тој ќе добие подмирување на адвокатските трошоци од Обединетите нации. Таква можност доби Тарчуловски кај кого беше утврдено дека нема имот и дека не може да ги плати трошоците , а кај  Бошковски беше уврдено дека поседува имот и тој не доби таква можност – вели Апостолски за Плусинфо.

Поврзани новости