Адвокатите за настапот на Јанева: Таков излив на емоции е разбирлив кога си со месеци во притвор без докази

by Frosina Fakova 16:09
16:09

Емотивниот настап и зборовите кои денеска ги кажа поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева пред судот како обвинета во случајот „Рекет“, за нејзините адвокати е разбирлив со оглед на тоа што таа со месеци е во притвор без докази.

-Тоа се излив на емоции во последен момент дадени од Катица Јанева…За нас како одбрана во еден момент тоа беше и разбирливо. Знаете таа девет, десет месеци седи во притвор, по наше мислење без никаков доказ. И таков излив на емоции и емотивно обраќање и кон судот и кон обвинителството е сосема разбирливо кога си во позиција на обвинет како поранешен специјален обвинител, рече адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска.

- Advertising -

Тие очекуваат ослободителна пресуда за поранешната обвинителка, а доколку има осуда најавуваат дека ќе се жалат и до повисоките судови. Фрчкоска рече дека за време на постапката се отвориле многу прашања, а главното е „каде се парите, 1 и пол милион евра“, кои наводно биле дадени, а никаде ги нема.

Јанева во своите завршни зборови порача дека во овој случај е изманипулирана од бизнисменот Јордан Камчев и неговата сопруга и особено лути зборови имаше за обвинителката која го води овој случај, Вилма Русковска, која не дојде во суд и на завршните зборови на нејзината поранешна колешка.

Поврзани новости