Адвокатите на актерот Џони Деп изјавија дека „нема легитимна основа“ за жалбата на неговата поранешна партнерка, актерката Амбер Херд за ново судење во случајот за клевета.
Адвокатите изјавија дека пресудата во корист на актерот е „добро поткрепена со огромни докази и е во согласност со законот“ и дека жалбата „се наоѓа на граница на несериозност“.
Реакцијата пристигна откако адвокатите на актерката побараа повторно судење по тврдењата за „несоодветна услуга на поротата“, велејќи дека исходот не бил поддржан од доказите презентирани за време на шестнеделното судење во Ферфакс, Вирџинија.
„Иако разбирливо е незадоволна од исходот на судењето, г-ѓа Херд не идентификуваше легитимна основа да ја поништи одлуката на поротата во кој било поглед“, додадоа адвокатите на Деп. „Законот на Вирџинија е јасен, пресудата не може да се укине освен ако не е очигледно погрешна или без докази што ја поткрепуваат“, истакнуваат тие.