Адвокат Гажоски: ОЈО да побара затворски притвор, ако сака да испрати порака дека нема дил со Мијалков

by fokus

Адвокатот Ѓоко Гажовски смета дека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да побара затвроски притвор за Сашо Мијалков на рочиштето кога ќе биде објавена пресудата, доколку истата е осудителна.

-Го охрабрувам ОЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција на рочиштето за објава на пресудата доколку истата е осудителна, да предложи мерката за обезбедување на обвинетиот сега првостепено најверојатно осуден, куќен притвор да биде преиначена во притвор. Доколку сака да испрати порака во јавноста дека нема дил со обвинетиот за самата висина на кривичната санкција. Или начинот на обезбедување на обвинетиот до правосилноста на пресудата. Секако доколу е осудителна, вели Гажоски во изјава за Фокус.

На прашањето како ја коментира изјавата на Вилма Русковска дека тоа што Мијалков сам се пријави откако два дена беше недостапен, вели дека истата е избрзана и неоснована.

-По однос на изјавата на Шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција дека неговото пријавување го смета за олеснителна околност тоа е само нејзино субјективно, но многу избрзано и неосновано мислење бидејки самиот обвинет пред неполни 3 дена ја демантира со самото бегство. Ваквото избрзано и брзоплето давање на јавни изјави е показател дека одредени обвинети лица имаат повластен статус кај обвинителство од другите обвинети односно обичните граѓани. Таа пракса мора да се напушти и сите граѓани да бидат третирани еднакво доколку се предмет на прогон на обвинителство секако во зависност од објективните околности, вели Гажоски.

К.С.Б.

Поврзани новости