Адеми: Со Мајка Тереза се гордеат сите граѓани на Република Северна Македонија

by Fokus

Со Мајка Тереза се гордат сите граѓани на Република Северна Македонија, без разлика на етничката или верската припадност. Со неа се гордее целиот свет, истакна денеска министерот за дијаспора Едмонд Адеми на церемонијата за свечено откривање на статуата на Света Мајка Тереза во Карловац, Република Хрватска, од каде упати пораки за мир, разбирање и меѓусебно почитување.

Како што соопштија од ресорното Министерство, Адеми во своето обраќање рече дека почитта за ликот на Света Мајка Тереза е почитување на сите луѓе со добра волја.

-Почитта за Мајка Тереза е почитување на сите луѓе со добра волја секаде низ светот, тоа е свиок и чест пред нејзиното жртвување. Како Албанец од Република Северна Македонија, почитта и честа кон нејзе е дополнително посебна, знаејќи дека милосрдниот мисионер, Св. Мајка Тереза, е родена на 26 август 1910 година во Скопје како Ањезе Гонџа Бојаџиу, истакна Адеми.

Министерот Адеми се заблагодарил на градот Карловац, како и на сите активисти од нашата дијаспора кои иницираа и придонесоа во воспоставување на статуата на Света Мајка Тереза, потенцирајќи дека денови како овој треба да не потсетуваат дека треба да продолжиме и да ја следуваме мировната мисија на Мајка Тереза.

-Не можете сите да правиме големи работи. Но сите можеме да правиме мали работи со многу љубов, рекол во својот говор Адеми, цитирајќи ја Света Мајка Тереза.

На свеченото откривање на статуата на Мајка Тереза, информираат од Министерството, присуствувале и политички претставници од Хрватска, Албанија и Косово.

Поврзани новости