Адеми се сретна со Бејли: Македонија нема алтернатива освен НАТО

by fokus 14:15
14:15

Република Македонија останува на стратешката определба за членство во НАТО и ЕУ, бидејќи нема и не размислуваме за алтернатива, изјави вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми по средбата со американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Бејли.

На средбата беше истакната важноса на САД како стратешки партнер на Македонија од самостојувањето до денес, како еден од главните промотори за членството на земјата во евроатланските структури.

- Advertisements -

Адеми исто така се заблагодари за помошта која континуирано над 25 години ја добиваме преку УСАИД, за спроведување на клучните реформи во однос на демократизацијата на општеството, економскиот раст и подобрување на квалитетот на образованието, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Адеми, исто така, истакна дека со оглед на комплексноста на ситуацијата во земјата, во регионот и пошироко во ЕУ, земјата треба што побрзо да најде излез од политичката криза, користејќи ги расположливите политички и институционални капацитети, со цел враќање кон реформскиот курс и интензивно спроведување на потребните усогласувања, во сите области кои се важни за процесот на европска интеграција.

Поврзани новости