Адеми предупредува дека една изборна единица би била неповолна за Албанците

by Фокус

Прашањето за изборен модел во кој Македонија ќе биде една изборна единица треба внимателно да се анализира за да не се случи Албанците да го загубат двојното, Бадентерово мнозинство во парламентот, изјави денеска генералниот секретар на ДУИ, Абдилаќим Адеми.

-Треба да се анализираат како искуствата од минатото, така и аргументите што сега се изнесуваат. При предлагањето на моделот мора да бидеме внимателни и да не го ризикуваме двојното (Бадентерово) мнозинство, односно Албанците да бидат многу внимателни да не станат помалобројни во однос на помалите етнички заедници претставени во парламентот, рече Адеми.

Тој додека дека ако Албанците го изгубат двојното мнозинство, со тоа би се ризикувале некои од процесите што произлегуваат од Охридскиот договор и прашањата на етничките права.

Поврзани новости