Адеми: Очекуваме на 1 септември учениците да се вратат во училиштата

by fokus

Сакаме учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. Ќе бидеме подготвени за секое сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во гостување во последната „ТВ-училница“ која од 16 март до денес секој ден претпладне се емитуваше на Македонската радио-телевизија.

По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот Адеми и на својот фејсбук-профил им честиташе  на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, посакувајќи им  пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека ќе се вратат во училишните клупи.

„Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како претходните години да ја завршивте во училишните клупи, насмеани заедно со вашите другари и другарки! Но, понекогаш работите не одат како што сакаме ние…  И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта“, напиша Адеми на фејсбук.

Поврзани новости