Адел планира да одмори од музиката за да студира

by Fokus

Адел важи за една од најдобрите пејачки во светот. Таа посвети голем дел од својот живот на пеењето, а сега откри дека ќе се одмори од музиката по престојот во Лас Вегас бидејќи планира да заврши англиска книжевност.

Пејачката, која во средата го објави спотот за нејзината нова песна “I Drink Vine”, рече дека сега посакува да одела на универзитет по напуштање на училиштето. Таа одговараше на прашањата од обожавателите и рече дека ќе ја заврши универзитетската диплома преку Интернет, пренесува “The Sun”.

„После Вегас, многу сакам да дипломирам англиска литература. Да не успеав со пеењето, мислам дека дефинитивно ќе бев професорка по англиски јазик“, рекла Адел (34).

Сепак, како што вели, љубовта кон јазикот успеало да ја внесе во своите песни:

„Дефинитивно се чувствувам како да ја користам мојата страст за англискиот јазик во она што го работам. Иако не е дека би се вработила по дипломирањето, посакувам да одев на факултет, би сакала да го имав тоа искуство. Нема да одам на факултет, ќе учам онлајн и со тутор, но тоа е мојот план за 2025 година. Само да ги добијам моите квалификации“, вели пејачката.

Поврзани новости