Адеа Шабани идентификувана преку тетоважите на нејзиното тело

by fokus

Полицијата од Лос Анџелес потврди дека телото пронајдено во плиткиот гроб во Јужна Калифорнија и припаѓа на македонската актерка, Адеа Шабани. Како што информираа властите во Калифорнија, таа била идентификувана преку нејзините тетоважи.

Првичните резултати од аутопсијата откриле дека Адеа се здобила со удар во главата со тап предмет. На нејзиното тело немало видливи повреди.

Осомничен за убиството е Кристофер Споц, момчето на Шабани, кој се самоубил минатиот викенд, но мотивот за убиството се уште не е познат.

Според првичниот извештај Шабани била мртва повеќе од еден месец пред нејзиното тело да биде пронајдено.

Поврзани новости