Абазовиќ: Балканот за неколку години може да стане новата Украина

by fokus

Не смееме да гледаме на Западен Балкан како на црна дупка во Европа. Ако останеме надвор од Европа, треба да знаете дека не е невозможно Западен Балкан за неколку години да стане новата Украина.

Ова црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ го истакна во својот говор пред европарламентарците.

-Мислам дека ова се историски моменти не само за Црна Гора туку и за цела Европа. По 24 февруари, почетокот на руската инвазија на Украина, светот е поинаков и повеќе од кога било луѓето во Црна Гора, регионот и Европа разбираат дека треба да бидеме заедно и да дадеме сѐ од себе за да го завршиме нашиот дел од работата, а од друга страна, европските институции го признаваат тоа, рече Абазовиќ.

Поврзани новости