Абази, во кој беше пукано денеска заврши во Ургентниот центар со тешки повреди во стомакот

by Fokus

Алит Абази, носителот на независна советничка листа предложена од група избирачи во Кичево, кој што попладнево беше ранет се наоѓа на операција со тешки повреди на абдоменот и рбетот, информираат за ТВ 24 од Ургентниот центар во Скопје.

Оттаму велат дека Абази пред операцијата  бил во стабилна состојба, очекуваат зафатот да потрае, а за исходот ќе кажат утре.

Полицијата го приведе напаѓачот Абдула Абдули  што попладнево во близина на судот и полициската станица пукаше во трите лица. А, најден е и пиштолот од кој што е стрелано.

Поврзани новости