Скопјанец со ауди прегазил жител на Буковиќ во атарот на селото

by Фокус

Педесет и три годишниот Б.И. од скопското село Буковиќ починал откако во атарот на селото бил удрен од моторно возило Ауди А4, управувано од А.А. (23) од Скопје.

Како што стои во полицискиот билтен, во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Надлежните органи извршиле увид.

Поврзани новости