АА: Се прават обиди никој да не одговара за смртоносниот пожар во болницата

by fokus

Aлијанса за Албанците реагира за пожарот кој се случи минатата седмица во Тетово и ја зави цела Македонија во црно. Од партијата ја прашуваат градоначалничката на Тетово дали била спроведена процедура за инспекција за заштита од пожар во модуларната тетовска болница и доколку одговорот е не, зошто не била спроведена таа постапка.

„Знаеме дека главен изведувач беше фирмата ‘Брако’ на вашиот долгогодишен партнер Кочо Анѓушев. Дали имало подизведувачи и кои се тие? Особено прашуваме, кој ја инсталирал електричната мрежа. Сведоци сме дека во изминатите неколку дена се прават различни обиди од надлежните институции да избегаат од одговорноста за горењето на живите 14 лица во модуларната болница во Тетово. Јасно се гледа, како и во многу други случаи, дека се прават обиди на крајот никој да не одговара и виновниците да останат анонимни“, смета Алијанса за Албанците.

 

Поврзани новости