АА и Алтернатива: Албанскиот јазик треба да биде задолжителен предмет, како што е македонскиот јазик

by fokus

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска реагираа на новиот концепт на образование кој предвидува учениците Македонци да можат да го изберат албанскиот јазик како изборен предмет. Според коалицијата, албанскиот јазик треба да биде задолжителен за учениците Македонци, исто како што македонскиот јазик е задолжителен за учениците Албанци.

Визијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива е  е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив ќе зборува на свој јазик, но и ќе се разберат без никаков проблем.

-Оваа визија може да се постигне тогаш кога и албанскиот јазик ќе се официјализира на начин кој го заслужува, но не со пречки кои ги прави власта со нејзиниот партнер ДУИ, кои се обидуваат со хибридни решениа да ја манипулираат јавноста, со претпоставки дека во новиот концепт за основно образование албанскиот ќе го учат и учениците од заедниацата кое што е мнозинство во државата.
Ние како Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, ве потсетуваме дека ветувањата на ДУИ во новиот концепт за основното образование, беше албанскиот јазик да се учи како задолжителен предмет но не избoрeн предмет, како што најави министерката Царевска пред некои денови.
Земајќи во предвид новиот концепт, ќе има повеќе од 20 избoрни предмети, па можноста за да се избере албанскиот јазик од страна на учениците македонци е многу мала во прoцент, или воопшто не може да се избере како предмет.
Ако се мисли дека со ова решение се прави официјализирање на албанскиот јазик, се поставува прашањето зошто за албанскиот ученик, македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици?
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ја потсетува јавноста дека ова решение е истатото решение во основното образование, каде вработениот во образование треба да познава и да се тестира за познавање на јазикот. Кога вработените Албанци во образование треба да се тестира на два јазика, додека Македонецот само за еден јазик. За да биде парадоксот уште поголем, професорите кои ќе предаваат македонскиот јазик како предмет кај учениците Албанци, не се задолжени да го позанваат јазикот на ученикот, албански јазик, иако тоа е втор официјален јазик во државата, велат од коалицијата.

Поврзани новости