А1он: Караџовски му ја поправи оценката на Панчевски!

by fokus

Судскиот совет на Република Македонија во експресна постапка, на седницата која се одржа во петокот извршила  преоценување на двајцата кандидати за претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, пренесе А1он.

Судскиот совет, за доскорешниот претседател Владимир Панчевски, дал највисоки резултати, веројатно, за да може да остане во трка за претседател на скопска “единица”, но затоа, пак, на неговиот конкурент, судијата Иван Џолев му ги намалил бодовите, иако тој имаше добиено подобри оценки за неговото работење.

Одлуките на Судскиот совет на кандидатите им биле врачени во петокот , пред крајот на работното време, со напомена дека по однос на решенијата се допуштени жалби во рок од осум дена,но малку е веројатно дека и да има жалби тие ќе бидат прифатени и на седницата, закажана за в четврток, Владимир Панчевски да треба да добие уште еден мандат.

Поврзани новости